Добре дојдовте во Школата за одговорни инфлуенсери, дел од платформата #ПодобарОнлајн на А1 Македонија!
Интернетот ни дава неверојатна можност да споделуваме, да комуницираме и да влијаеме врз голем број луѓе. Но, со оваа слобода доаѓа и одговорноста – особено ако вашата публика се млади и деца, кои често гледаат кон инфлуенсерите како пример.
За што е оваа Школа?
Школата за одговорни инфлуенсери е онлајн платформа, создадена да им помогне на инфлуенсерите и на креаторите на содржини да препознаат и да пријават несоодветни содржини, да изградат позитивно влијание и да создаваат конструктивен дигитален простор.
Што ќе научите?
Преку кратки вебинари и интерактивни модули, ќе добиете корисни информации за:
-
Како младите ги доживуваат содржините што ги гледаат
-
Одговорноста на инфлуенсерите во дигиталниот свет
-
Како да создавате содржини што инспирираат и мотивираат
-
Како да реагирате доколку некој ви се довери за онлајн насилство
Зошто да ни се придружите?
Бидејќи влијанието е моќно, а заедно можеме да создадеме побезбеден, попозитивен и поинспиративен интернет за сите!
Ајде да го направиме дигиталниот свет подобро место – за нас, за младите и за идните генерации!