Проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ
Проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ е редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје во научната област воведни и теоретски правни науки. Од 2009 до 2018 година била раководител на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации при Правниот факултет. Од 2000 до 2005 година била асистент истражувач во Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.
На Правниот факултет предава повеќе предмети на трите циклуси на студии меѓу кои: социологијата на правото, социологијата на комуникации, теории на новинарство, методологија на правните и политичките истражувања, техники на односи со јавност, истражувачко новинарство, агенциско новинарство.
Фокусот на нејзиниот интерес е политичката пропаганда, прецизното новинарство, односи со јавност, медиумско право и медиумска писменост. Авторка е на научни трудови, стручни статии и учебници од областа на правото, медиумите и комуникациите.
Модул
- Влијанието на медиумите врз децата и младите


