#ПодобарОнлајн
Школа за одговорни инфлуенсери
Драги креатори на содржини, инфлуенсери и сите вие што на кој било начин креирате, споделувате или влијаете во дигиталниот простор.
Добре дојдовте во школата за одговорни инфлуенсери формирана од А1 Македонија!
Брзиот напредок на информациските и на комуникациските технологии ја менува секоја сфера од нашиот живот – од економијата и општеството до културата и секојдневните навики.
Затоа, A1 Македонија ја создаде Школата за одговорни инфлуенсери – иницијатива што ги поттикнува дигиталните лидери да влијаат со свест и одговорност.
Школата е наменета за инфлуенсерите и за креаторите на содржина чија публика се и млади и деца, но и за сите што се подготвени да научат нешто ново, да бидат дел од промената и да создадеме #ПодобарОнлајн
ПРЕДАВАЧИ
Зошто да бидете дел од Школата?
Школата за одговорно инфлуенсерство е суштински дел од глобалната дигитална транзиција. Секој од нас сноси одговорност и има можност да биде добар пример во дигиталното опкружување. Иако интернетот не познава граници, ние мора да си поставиме свои!
Станете дел од промената: дознајте за опасностите на интернет и како да ги препознаете, ефикасно да одговорите на предизвиците и да бидете пример за другите, особено за најранливата група во општеството – децата и младите.