Проф. д-р Драгана Батиќ

Проф. д-р Драгана Батиќ е доктор по психолошки науки, редовен  професор на Фaкултет за безбедност – Скопје. Дипломирала психологија во 1984 година на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирала на клиничка психологија (1998) на Филозофскиот факултет во Белград, а докторирала во 2009 во областа на клиничка психологија и менталното здравје на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Ги предава предметите од областа на психологија на Факултетот за безбедност на прв,  втор и трет циклус на студии.

Од почетокот на 2007 година е во постојан работен однос на Факултетот за безбедност. Има завршено повеќе едукации од областа на психотерапија и психосоцијална интервенција. Учествувала во бројни научни истражувања и проекти, научни  конференции во земјата и во странство. Се занимава со клиничка и криминалистичка психологија и со психологија на стресот. До сега има објавено  четири книги, и над 50 научни и стручни трудови.  Еден е од основачите на бесплатното Психолошко советувалиште за студенти при Универзитетот Св Климент Охридски-УКЛО.

Член е на Комората на психолозите на Македонија. Има посебна лиценца за вршење на психолошка дејност во областа на психологија на здравје – Психотерапија.

Модул

  • Дигитална добросостојба и креирање позитивни онлајн содржини