А1 Македонија

Во А1 Македонија веруваме дека технологијата е тука за да го направи секојдневието полесно и поефикасно, но само ако ја користиме свесно, безбедно и одговорно. Затоа постојано вложуваме во едукација и поддршка, особено кога станува збор за најмладите и за нивната изложеност на содржини на социјалните мрежи.

Преку платформата #ПодобарОнлајн и Школата за одговорни инфлуенсери ја истакнуваме важноста на дигиталната писменост и на конструктивната комуникација. Ги охрабруваме креаторите на содржини и инфлуенсерите да препознаат колкаво влијание имаат, особено врз деца и млади, и да создаваат содржини што инспирираат, мотивираат и поттикнуваат позитивни вредности.

Создаваме простор за учење, соработка и одговорно влијание, бидејќи така заедно градиме #ПодобарОнлајн.

Често поставувани прашања

Вебинарот е едукативна онлајн сесија насочена кон инфлуенсери, креатори на содржина, родители, наставници и сите заинтересирани за одговорното влијание на дигиталните медиуми врз младите. Ќе се дискутираат важни теми како дигитална добросостојба, медиумска писменост и заштита на децата на интернет.

Секој што е заинтересиран за темата, вклучувајќи активни и идни инфлуенсери, родители, наставници, претставници од невладини организации, психологи, социјални работници и сите што работат со млади.

Пријавувањето е бесплатно и се врши преку онлајн формулар. Ќе добиете потврда на вашата е-пошта со линк за пристап до вебинарот.

  • Како децата ги разбираат медиумите и улогата на инфлуенсерите
  • Влијанието на дигиталниот маркетинг врз младите/публиката
  • Медиумска и дигитална писменост
  • Дигитална добросостојба и креирање позитивни онлајн содржини
  • Како да постапиме кога ќе ни се довери дете кое е жртва на злоупотреба на интернет

Секој модул ќе трае 20 минути, а целокупниот вебинар ќе трае приближно 100 минути, вклучувајќи предавања и сесија за прашања и одговори.

На вебинарот ќе зборуваат експерти од областа на дигитален маркетинг, медиумска писменост, детска психологија, правници за заштита на децата и искусни инфлуенсери.