Проф. д-р Драгана Батиќ
Проф. д-р Драгана Батиќ е доктор по психолошки науки, редовен професор на Фaкултет за безбедност – Скопје. Дипломирала психологија во 1984 година на Филозофскиот факултет во Скопје, магистрирала на клиничка психологија (1998) на Филозофскиот факултет во Белград, а докторирала во 2009 во областа на клиничка психологија и менталното здравје на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Ги предава предметите од областа на психологија на Факултетот за безбедност на прв, втор и трет циклус на студии.
Од почетокот на 2007 година е во постојан работен однос на Факултетот за безбедност. Има завршено повеќе едукации од областа на психотерапија и психосоцијална интервенција. Учествувала во бројни научни истражувања и проекти, научни конференции во земјата и во странство. Се занимава со клиничка и криминалистичка психологија и со психологија на стресот. До сега има објавено четири книги, и над 50 научни и стручни трудови. Еден е од основачите на бесплатното Психолошко советувалиште за студенти при Универзитетот Св Климент Охридски-УКЛО.
Член е на Комората на психолозите на Македонија. Има посебна лиценца за вршење на психолошка дејност во областа на психологија на здравје – Психотерапија.
Модул
- Дигитална добросостојба и креирање позитивни онлајн содржини


